Утрински Весник
Македонија

Обвинение против чаирчанецот кој испукал осум куршуми кон станот на соседите

Еден починат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Скопското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 33-годишник од Чаир кои минатиот месец со пиштол пукаше кон станот на своите соседи.

Тој се товари дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност.

Имено, обвинетиот на 24 јуни предизвикал значителна опасност за животот и телото на тројца оштетени.

Додека оштетените седеле во стан на улицата „Никола Грчето“ во Чаир, нивниот 33-годишен сосед, дошол на вратата, започнал да тропа, обидувајќи се насилно да влезе.

Во обидот не успеал, бидејќи вратата била заклучена, па започнал да им се заканува.

Потоа тој се симнал во дворот позади зградата и од таму започнал со пиштол да пука кон прозорците и фасадата на станот на оштетените. Од пиштолот од непозната марка испукал осум куршуми со калибар 6,35 милиметри.

За да не бидат повредени, оштетените се скриле во спалната соба и настанот го пријавиле во полиција.

Ценејќи дека и натаму постојат законските основи поради кои на обвинетиот првично му беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на притворот.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ ќе го одржи 30-тиот конгрес

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?