Утрински Весник
Македонија

Обвинение за тетовец кој во два наврати ја истепал својата поранешна сопруга

Обвинение за тетовец кој во два наврати ја истепал својата поранешна сопруга

Скопското основното јавно обвинителство поднесе обвинение против 40-годишник од Тетово за сторено продолжено кривично дело телесна повреда.

Обвинетиот со престојувалиште во Скопје, во период од 30 август до 1 септември, во два наврата, со умисла ја повредил поранешната сопруга.

На 30 август, во семејниот дом во Скопје со тупаници повеќе пати ја удрил во пределот на главата и во десната подлактица.

На 1 септември, во парк во близина на основно училиште во Аеродром, тој повторно со умисла ја повредил оштетената, која со нивните малолетни деца била излезена на прошетка.

Обвинетиот со такси-возило ја чекал поранешната сопруга пред влезот на училиштето, по што тргнал кон неа и неколку пати со тупаници ја удрил во главата и во десната подлактица.

Од двата напади кај оштетената билe нанесени повреди како набиеници, подливи и акутна реакција на стрес.

Со цел обезбедување на присуството на обвинетиот во текот на кривичната постапка, како и заштита од повторување на насилното однесување, надлежниот јавен обвинител до судот доставил посебен предлог за продолжување на претходно определениот притвор.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Успешна евакуација на повредено лице од Шар Планина со хеликоптер на Армијата

Нема подолги задржувања на граничните премини, сообраќајот се одвива непречено

Сончево, попладне пороен дожд и грмежи