Утрински Весник
Македонија

Обвинение за струмичанец фатен со дрога на патарината Миладиновци

Обвинение за струмичанец фатен со дрога на патарината Миладиновци

Против 43 годишен струмичанец скопското обвинителство поднесе обвинителен акт.

Ова лице како што информираат од таму се товари за кривично дело- неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори казниви по Кривичниот законик.

На 2 април, на наплатната рампа Миладиновци кај Скопје, обвинетиот се возел како сопатник во автомобил Мерцедес, а кај себе неовластено за продажба држел 10,27 грама хероин. Дрогата, спакувана во две полиетиленски пакувања, ја пронашле овластени службени лица, кои веднаш ја одзеле.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, ценејќи дека постои опасност од бегство и можност да го повтори делото.​​

Можете да прочитате

Разоткривање: Алфа ТВ како пропаганден столб и политичка алатка на ВМРО вели Фрчкоски

Обид за влез во затворена гостилница заврши со тешко претепување – двајца во притвор

Европската Унија и Република Турција: Стратешко партнерство во време на глобална несигурност