Утрински Весник
Македонија

Обвинение за скопјанец кој пијан ја силувал својата ќерка

Скопското основното јавно обвинителство поднесе обвинение против 62-годишен скопјанец, кој се товари за кривично дело – родосквернавење.

Станува збор за случајот од 9 ноември кога скопјанецот во неговиот дом, во состојба на битно намалена пресметливост, како резултат на токсикомански алкохолизам, се нафрлил и извршил обљуба врз неговата ќерка.

Оштетената постојано се противела и го туркала, но не успеала да се оттргне од обвинетиот кој и во моментот бил во пијана состојба.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определениот притвор, поради опасност од бегство, можност обвинетиот да влијае врз оштетената и можност тој да го повтори делото.​​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Жена го загуби животот во пожар во населбата Вонвардарска во Тетово

Проект на СВР – Охрид за превенција на семејно насилство

Одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи