Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Обвинение за скопјанец кој организирал фудбалски турнир на кој имало 100 луѓе во публика

Обвинение за скопјанец кој организирал фудбалски турнир на кој имало 100 луѓе во публика
Img 7972

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 17 лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Еден од обвинетите постапил спротивно на Одлуката за спроведување мерки на заштита од Ковид – 19 при одржување тренинзи на клубовите и одигрување фудбалски натпревари без публика. Обвинетиот организирал и одржал турнир во мал фудбал на игралиште, каде покрај играчите била присутна и публика од околу 100 лица.

Останатите 16 обвинети не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење, па за време на тогаш важечки полициски час биле затекнати како се движат на различни локации.

За сите обвинети надлежните јавни обвинители предложија парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи