Утрински Весник
Македонија

Обвинение за скопјанецот кој ги претепа своите родители зашто не му дале пари за роденден

Обвинение за скопјанецот кој ги претепа своите родители зашто не му дале пари за роденден
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 49-годишник кој се товари дека во два наврата извршил физички напад, нанесувајќи им повреди на неговите родители.

Како што информираат од обвинителството, во семејниот дом на улица „Њуделхиска“, на 18 март, обвинетиот со семејно насилство телесно ги повредил родителите.

Тој почнал агресивно да однесува затоа што не добил пари за неговиот роденден, започнал со клоци да удира на вратата од собата на неговите родители и насилно влегол внатре.

Најпрвин го нападнал неговиот татко, удирајќи го со тупаници по главата и кубејќи му еден прамен од косата. Потоа ја нападнал и сопствената мајка, која пристапила во одбрана на сопругот, удирајќи ја со клоци во главата и во левиот колк. Од ударите двајцата родители се здобиле со повреди.

Надлежниот јавен обвинител доставил предлог за продолжување на мерката притвор за 49-годишникот, бидејќи постои опасност од бегство и можност да го повтори делото.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Среќен Божиќ! Христос се роди!

Мицкоски со семејно селфи за Бадник – Паричката кај помалиот син

Осветување полициски возила во дворот на МВР предизвика жестока јавна дебата за секуларноста