Утрински Весник
Македонија

Обвинение за десет лица кои не го почитувале полицискиот час во Штип

Живко Калков назначен за нов стечаен управник на штипски „Бетон“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Штип, 16 април 2020 (МИА) – Oсновното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно десет лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Тие пеш или со возила се движеле низ градот во временски период кога во сила бил полицискиот час, стои во соопштението од ОЈО.

Обвинителството му предложи на судот на секој од  обвинетите да им изрече парични казни кои се движат од 50 до 100 дневни глоби, секоај од нив во висина од 10 до 20 евра во денарска противвредност​. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје