Утрински Весник
Македонија

Обвинение за двајцата насилници кои во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина

Обвинение за двајцата насилници кои во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина

Скопското обвинителство поднесе обвинение за двајцата насилници кои во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина.

Тие се обвинети дека на 5 ноември 2020 година, околу 17:30 часот, во автобус на ЈСП Скопје кој сообраќал на линијата бр. 7, грубо ги навредиле и ја загрозиле сигурноста на возачот и на патниците во автобусот.

Обвинетите влегле во автобусот кај автобуската станица Рекорд без да носат заштитни маски, на што реагирале патниците предупредувајќи ги да носат заштита опрема. Тогаш обвинетите започнале грубо да ги навредуваат патниците и да ја загрозуваат нивната сигурност, велејќи им дека ќе ги убијат и ќе ги стават во киселина.

Потоа му се обратиле и на возачот на автобусот со барање да запре и да ја отвори вратата за да излезат пред да стаса на следната автобуска постојка. Возачот не ја отворил вратата, по што обвинетите продолжиле со грубо навредување и загрозување на неговата сигурност, му се обраќале со висок тон и удирале по внатрешноста на возилото.

Со тие дејствија, велат од обвинителството, обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај  возачот и патниците на автобусот.

Обвинетите се жители на скопски села, двајцата на возраст од 31 година, и се обвинети за кривично дело – насилство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег