Пјер-Емерик Обамејанг вели дека менаџерот на Арсенал, Микел Артета е виновен за неговото заминување во Барселона, упатувајќи последен „удар“ кон Шпанецот по заминувањето од „Емирати“.
На Обамејанг му беше одземена капитенската лента и беше исфрлен од тимот од почетокот на декември поради „дисциплински прекршоци“, пред во јануарскиот преоден рок да го добие посакуваниот трансфер во Барселона. Габонскиот репрезентативец вели дека единствено Артета имал проблем со него и дека немал избор да замине.
„Имаше компликувани месеци во Арсенал, но фудбалот е таков понекогаш. Јас никогаш не сакав да направам нешто погрешно и мислам дека тоа веќе е во минатото и сакам да мислам на иднината. Мојот проблем беше само со Артета и тој направи одлука. Не можам да кажам многу, но не бев среќен. Останав смирен, но не бев среќен“, објаснува Обамејанг.
Тој пристигна во Арсенал од Борусија Дортмунд во јануари 2018, и во првата цела сезона во Премиерлигата (2018/19) беше најдобар стрелец со 22 гола. Тој вкупно постигна 92 гола во 163 настапи за „топчиите“.
> Обамејанг: Само Артета имаше проблем со мене во Арсенал <