Утрински Весник
Спорт

Обамејанг заболел од маларија!

Обамејанг заболел од маларија!

Капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, откри дека боледува од маларија, откако не беше дел од тимот на „топчиите“ за мечот од четврт-финалето на Лига Европа против Славија Прага.

Обамејанг го пропушти и мечот со Шефилд јунајтед во текот на викендот, по што 31-годишниот Габонец откри дека заболел додека бил на интернационалната пауза со својата репрезентација.

„Момци, благодарам за сите пораки и повици. За жал, добив маларија додека играв за репрезентацијата на Габон пред неколку недели. Неколку дена сум во болница, но се чувствувам подобро благодарение на докторите кои бргу интервенираа. Не се чувствував најдобро последните неделни, но ветувам дека ќе се вратам уште посилен. Сега ги гледам моите момци. Ајде Арсенал!“, напиша Обамејанг со фотографија од болничкиот кревет.

Обамејанг досега има пропуштено седум натпревари на Арсенал оваа сезона, и речиси сигурно нема да игра на следните два натпревари од Премиер лигата против Фулам и Евертон. Тој има 14 гола во 33 меча оваа сезона.

View this post on Instagram

A post shared by Aubameyang Pierre-Emerick (@auba)

> Обамејанг заболел од маларија! <

Можете да прочитате

Македонската репрезентација вечер ќе ги дознае ривалите во Лигата на Нации

ЗОИ 2026: ИОК го дисквалификува Украинецот Гераскевич поради носење нелегална кацига

Влезниците за воведувањето на Федерер во тениската „Сала на славните“ распродадени за две минути