Утрински Весник
Спорт

Обамејанг бара 250.000 фунти неделно да остане во Арсенал

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг бара тригодишен договор и неделна плата од 250.000 фунти за да остане на „Емирати“, тврди „ЕСПН“.

Габонскиот напаѓач има помалку од една година од договорот со „топчиите“, но тренерот Микел Артета е сигурен дека тој ќе остане во клубот.

31-годишниот напаѓач има 22 гола во 36 натпревари оваа сезона и е еден од најдобрите фудбалери на Арсенал, и сака да го искористи своето влијание во клубот откако пристигна од Борусија Дортмунд во 2018 за да издејствува подобар договор. Тој има 63 гола во 101 меч за Арсенал, а оваа сезона е израмнет со 19 гола во Премиер лигата со Џејми Варди од Лестер.

Реал Мадрид и Барселона беа заинтересирани за Обамејанг, а во последно време се верува дека и Јувентус и Интер тргнаа по неговиот потпис.

> Обамејанг бара 250.000 фунти неделно да остане во Арсенал <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина