Утрински Весник
Свет

Обама: Мишел ќе се разведе од мене ако бидам во новата администрација

Обама: Мишел ќе се разведе од мене ако бидам во новата администрација
Dik 300x250 mk

Поранешниот американски претседател Барак Обама не би прифатил место во администрацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден.

Запрашан во интервју за Си Би Ес како ќе му помогне на Бајден откако ќе ја преземе функцијата во јануари, Обама одговори дека на Бајден не му се потребни неговите совети.

„Ќе му помогнам на секаков можен начин. Не планирам одеднаш да почнам да работам како член на кабинетот на Белата куќа“, рече Обама.

На прашањето дали размислува за функција во новата администрација, Обама изјави дека некои работи никогаш не би ги направил бидејќи неговата сопруга Мишел веднаш ќе се разведе од него.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно