Утрински Весник
Свет

ОАЕ испратија помош во храна во Египет

ОАЕ испратија помош во храна во Египет
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вчера испратија авион со 46 тони храна во Египет како дел од хуманитарните иницијативи на Заливот во текот на светиот месец Рамазан, пренесува официјалната новинска агенција „Емирејтс њуз ејџенси“.

„Залихите од храна испратени од ОАЕ до братскиот Египет се дел од обезбедувањето хуманитарни материјали за семејствата во Египет овој свет месец“, рече амбасадорот на ОАЕ во Египет, Хамад Саид ал-Шамси.

„ОАЕ и Египет имаат блиски историски врски и соработуваат на многу полиња“, додаде Ал-Шамси, истакнувајќи дека раководството на двете земји сака да ги развива и зајакнува овие односи за да им служат на заедничките интереси.

Можете да прочитате

САД повторно пресретнаа брод кај брегот на Венецуела

Сан Франциско постепено ја враќа струјата по големиот прекин

Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија