Утрински Весник
Економија

НФФ: Одлуката за брашното избрзана, барањето на мелничарите да го разгледа Потсекторската група во МЗШВ

Брашно има, граѓаните да не трупаат залихи, порачуваат мелничарите

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Измените на Уредбите да се носат во координација и комуникација со Министерството за земјоделство, преку претходно разгледување во рамки на Постекторската група за житни култури каде членуваат и поледелци и мелничари, и потоа да се даваат како предлози на Влада за усвојување. Во спротивно, се овозможува да се слушне гласот само на мелничарите и се бранат само нивните ставови и интереси, без да се направи сеопфатна анализа и да се слушне размислувањето на поледелците, како и да се донесе заеднички заклучок.

Ова е ставот на Националната федерација на фармери (НФФ) по денешната одлука на Министерството за економија да се смени Уредбата со која е забранет извоз на пченица и брашно.

-Вака направената предлог-измена е само избрзана одлука која може да е на штета на поледелците и македонската пченица. Затоа бараме да се свика Потсекторската група за житни култури во МЗШВ и да се произнесе за измената на Уредбата и потоа да  влезе во процедура во Владата, наведува Федерацијата.

Во Министерството за економија денеска се одржа средба со мелничарите кои реагираа дека владината Уредба дозволува поскапување на увезеното брашно, но не и поскапување на домашното иако цените на увезената пченица и транспортот се зголемени. Тие побараа итна измена на Уредбата, а министерот Крешник Бектеши по средбата соопшти дека простор за такво нешто има и најави укинување на забраната за извоз на брашно. мч/са/ 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025