Лаура Форд, нутриционистка од Мелбурн објасни зошто луѓето во попладневните часови имаат потреба за парче чоколадо, колаче или нешто благо. Таа вели дека има три причини зошто се случува тоа.
Не јадете доволно јаглехидрати за ручек
Првата причина поради која ви се јаде слатка храна по ручекот е тоа што не јадете доволно јаглехидрати за ручек.
„Ако ги скокнете јаглехидратите за ручек, тоа значи дека го лишувате телото од енергија која му е потребна за да функционира во остатокот на денот“, тврди Лаура.
Затоа препорачува да ги вклучите јаглехидратите во ручекот, но и да водите сметка колку јадете за да не претерате.
Не јадете доволно
Втората причина зошто ви се јаде слатка храна е тоа што не јадете доволно.
„Ако не јадете цел ден, ќе ви се јаде слатка храна бидејќи на телото му треба енергија“, тврди таа.
Не спиете доволно
Можеби се прашувате каква врска има сонот со потребата за шеќер, но Лаура вели дека тоа е клучна причина за овој проблем.
Доколку не спиете најмалку 7 часа, ќе чувствувате потреба за благо.