Утрински Весник
Спорт

Нусланд „златна“ во ски-крос

Нусланд „златна“ во ски-крос

Швеѓанката Сандра Неслунд го освоил златниот медал во слободно скијање на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Неслунд победи во дисциплината ски-крос. За актуелната светска шампионка ова беше првиот медал во Пекинг. Таа на Шведска и го донесе седмото олимписко злато на Игрите.

Сребрениот медал и припадна на Канѓанката, Маријел Томпсон, која во оваа дисциплина беше златна во Сочи во 2014 година.

Бронзата на крајот заврши кај Даниела Маер од Германија. Германката третото место го освои откако казна доби Фани Смит од Швајцарија, која трета мина низ целта.

> Нусланд „златна“ во ски-крос <

Можете да прочитате

Халанд: Не очекував дека толку брзо ќе дојдам со 100-тиот гол

Милевски упати благодарност до сите фудбалери, кои покажаа што значи да се игра за Македонија

Лазаров повика 35 ракометари за подготовките за ЕП 2026