Утрински Весник
Македонија

Нуредини: Потребен е интегриран пристап во менаџирањето на водните тела

Нуредини: Потребен е интегриран пристап во менаџирањето на водните тела

Втората сесија од Министерскиот состанок за животна средина на Централната Европска Иницијатива во Триесте беше отворена за јавноста во рамките на Барколана самитoт и посветена на управувањето и заштитата на водите, а посебно односите помеѓу земјите кои делат прекугранични водни тела, промоцијата на одржливиот развој и градењето на отпорност на општествата и животната средина.

Министерот Нуредини во своето обраќање на панелот ги сподели предизвиците во управувањето со трите речни сливови и трите природни езера кои Република Северна Македонија ги дели со своите соседи.

Тој се осврна посебно на последните развои во соработката во рамките на Преспа парк договорот и ја истакна потребата за интегриран пристап во менаџирањето со сите водни тела, бидејќи природата не познава политички граници.

Можете да прочитате

Ангажирани два армиски хеликоптери за пожарот на Јабланица

Протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани