Утрински Весник
Економија

Нуредини: Нема да дозволиме увоз на РДФ додека не се обезбедат услови за соодветна контрола

Нуредини: Нема да дозволиме увоз на РДФ додека не се обезбедат услови за соодветна контрола

Нема да дозволиме увоз на РДФ отпад додека не се обезбедат услови за соодветна контрола, кажа министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини на собраниската комисиска расправа на пакетот закони за управување со отпад.

Тој вели дека ја разбира загриженоста на граѓаните за недоволната контрола и немањето на капацитет за редовна и темелна инспекција на РДФ отпадот.

„РДФ-от кој е единствено дозволен за увоз за користење како алтернативно гориво, е неопасен нерециклирачки комунален отпад, за кој има пропишано стандарди и кој емитува значително помалку емисии на СО2 и има поеколошки животен циклус од користењето на девствени ресурси, односно најчестиот мазут или петролкокс за што е замена. Затоа, во согласност со регулативата на ЕУ и принципите на циркуларна економија беше предвидена можност и за негов увоз, пред ние самите да почнеме да го создаваме од нашиот отпад. Меѓутоа, јас ја разбирам загриженоста на граѓаните за недоволната контрола и немањето на капацитет за редовна и темелна инспекција. Затоа деновиве разговарав и имав средби со пратениците на Собранието, по што дојдовме до заклучок дека на комисиската расправа ќе го адресираме ова барање и заедно со пратениците ќе направиме измена за забрана на увозот на РДФ, бидејќи постои сомнеж дека не сме подготвени за соодветна имплементација на предвидената регулација“, рече Нуредини.

Тој изрази надеж дека законите за кои се расправа што посоро ќе стапат на сила за конечно да се започне со решавање на горливиот проблем со отпадот во нашата земја на современ и европски начин.

Можете да прочитате

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот и на странскиот пазар

Мицкоски за цените на храната: Правиме детални анализи, не сакаме популистички мерки, туку трајно решение

Николовски: Политиките на ДПМНЕ го клекнаа земјоделството на колена, СДСМ обезбедуваше реална поддршка за земјоделците