Утрински Весник
Македонија

„Нула отпад“ со еко истражувачки предизвик за заштита на животната средина

„Нула отпад“ со еко истражувачки предизвик за заштита на животната средина

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Во услови на пандемија со коронавирусот, друштвото „Нула Отпад“ својата едукативна мисија ја продолжи преку дигитална едукативна кампања „Безбедни во изолација со супер еко едукација”.

Првиот предизвик, како што соопшти друштвото, поминал со голем интерес и успех, и дал значаен придонес во подигнување на јавната свест за селекција и рециклирање на е-отпад и отпадните батерии.

– Заради големиот интерес, „Нула Отпад“ одлучи да продолжи со својата дигитална едукативна кампања со втор еко истражувачки предизвик. Овој пат во поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за образование и наука, Делегација на Европска Унија и Македонската асоцијација за управување со цврст отпад. Продолжуваме уште побројни, покреативни и погласни, велат од „Нула отпад“.

Оттаму ги повикуваат децата на училишна возраст (прво до деветто одделение) да бидат еко истражувачи во темата „Батериите опасност или можност? Со еко истражување до еко решение!“, да следат конкретни насоки за истражување со цел да дојдат до најдобро еко решение.

– Доколку едукативната кампања е успешна и пристигнат минимум 20 видео пораки за еко истражувачкиот предизвик на следниот e-mail: info@nulaotpad.com.mk, Нула Отпад, најдоброто еко решение и видео според оценувањето на стручното жири ќе го награди со главна награда електричен тротинет. Сите останати учесници ќе добијат Еко дипломи за значаен придонес во заштита на животната средина од опасниот отпад, соопштија од друштвото.

Рок за испраќање на видеата е до 15 јули 2020 година. Прогласување и објава на најдоброто видео со најдобро еко решение и најдобра еко порака ќе се случи на ден 20 јули 2020 година од страна на стручно жири од „Нула Отпад“ и соработниците на кампањата. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициска контрола во ноќен клуб во Тетово: Приведени осум странски државјанки и две македонски државјанки кои ги забавувале гостите

Средба Муцунски – претставници на ОМД

Пронајдено починато лице во својот дом во Бит Пазар