Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

НСОН: На повеќе од половина просветни работници не им е исплатена месечната плата во законскиот рок

НСОН: На повеќе од половина просветни работници не им е исплатена месечната плата во законскиот рок
300x250 opst2

Скопје, 15 февруари 2020

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) со големо незадоволство ја известува јавноста дека и овој месец на повеќе од половина просветни работници не им е исплатена месечната плата во законски предвидениот рок.

ВоЗаконот за работен однос (Член 109)е предвидено исплатата на плата да се врши најдоцна до петнаесетиот ден во месецот, а пак во колективните договори (Член 31) е предвидено исплатата на плата да биде најдоцна до десетиот ден во месецот.

Како Независен синдикат за образование и наука бараме од Министерството за образование и наука јавно да ја образложат причината поради која се соочуваме со непочитување на законите и колективните договори во делот на исплата на плата.

За НСОН е наприфатливо ваквото непочитување на законите на штета на вработените, односно деградацијата и маргинализацијата на вработените во образование во општеството. Затоа продолжуваме и понатаму да се залагаме за почитување на работничките права и ќе ги искористиме сите законски инструменти кои ни стојат на располагање за да го надминеме овој проблем.

Независниот синдикат за образование и наука

________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села