Утрински Весник
Спорт

Нојер е скржавец, не го наградил таксистот кој му го вратил паричникот

Таксист кој го нашол паричникот на Мануел Нојер бил разочаран од однесувањето на славниот голман. Голманот на Баерн имаше два картички и околу 800 евра во кеш.

dobivaj vesti na viber

Таксистот решил да му ги врати изгубените работи, на две места го побарал Нојер, а на крајот преку менаџерот на голманот му го доставил паричникот.

По две недели таксисот добил пакет. Голманот му испратил свој дрес со автограм, но не му се заблагодарил на чесниот таксист.

„Наградата е смешна. Имам четири деца и што да правам со тој дрес”, прашал таксистот кој очигледно очекувал пари од Нојер, кој заработува 15 милиони евра годишно. Таксистот се пожалил дека додека го барал Нојер, само за бензин потрошил 400 евра.

„Мануел, ова е срамота. Чесен наоѓач и скржава фудбалска ѕвезда. Оваа благодарност е шега”, пишува „Билд“.

Нојер беше критикуван и од други германски медиуми.

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027