Данска ја декласираше Русија со 30:23 за да обезбеди пласман во полуфиналето на Европското првенство во ракомет, додека Норвешка остана непоразена со уште поубедливата 32:21 победа над Унгарија во последните мечеви од натпреварите по групи во Данска и Норвешка.
Данките знаеја дека само со победа над „зборнаја“ одат во полуфинале, и покажаа дека се подготвени за предизвикот, откако имаа водство од 13:9 во првото полувреме, и останаа на +4 и во второто, за да обезбедат второ место во групата и пресметка со Норвежанките, додека во второто полуфинале, најголемото изненадување, Хрватска ќе игра со првопласираната од групата 1, Франција.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, 2. РУНДА
ГРУПА 1
Црна Гора – Шпанија 26:26 (11:17)
Франција – Шведска 31:25 (14:14)
Данска – Русија 30:23 (13:9)
Табела: 1.Франција 9, 2.Данска 8, 2.Русија 7, 4.Црна Гора 3, 5.Шпанија 2, 6.Шведска 1
ГРУПА 2
Холандија – Романија 35:24 (16:12)
Хрватска – Германија 23:20 (12:12)
Унгарија – Норвешка 21:32 (9:17)
Табела: 1.Норвешка 10, 2.Хрватска 8, 3.Холандија 6, 4.Германија 4, 5.Унгарија 2, 6.Романија 0
> Норвешка-Данска и Франција-Хрватска во полуфиналето на ЕП <