Утрински Весник
Македонија

Номинации за 20. Награда на УНЕСКО за образование за девојки и жени

Номинации за 20. Награда на УНЕСКО за образование за девојки и жени
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Државите членки на УНЕСКО може да поднесат  номинации за 20-тата Наградa за образование за девојки и жени за 2020 година, која е финансирана од Народна Република Кина.

Целта е да се наградат исклучителните и иновативните практики во образованието на девојките и жените, а се состои од две парични награди од по 50.000 американски долари. Детали за наградата и аплицирањето се содржани на линкот on.unesco.org/gweprize.

-Доставувањето на номинациите е само преку онлајн-платформата на УНЕСКО достапна единствено на Перманентните делегации на УНЕСКО (во нашиот случај Амбасадата на РСМ во Париз) и затоа евентуалните кандидатури треба да се достават во електронска форма до Националната комисија за УНЕСКО најдоцна до 20 мај 2020 година со цел да се запази крајниот рок на УНЕСКО за аплицирање – 26 мај 2020, објави Министерството за образование и наука. хс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе