Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

„Нож во грб 2“ пристига на „Нетфликс“ оваа есен

„Нож во грб 2“ пристига на „Нетфликс“ оваа есен
300x250 opst2

Омилениот детектив Беноа Блан есенва ќе биде на трага на уште една мистерија.

Според„Вараети“, крими-трилерот на Рајан Џонсон со оригинален наслов Knives Out 2 („Нож во грб 2“)  ќе пристигне на „Нетфликс“ во текот на годината.

По огромниот успех на првиот, оригинален филм од 2019 година, кој беше дистрибуиран од „Лајонсгејт“, стриминг-услугатата ја искористи можноста да ги откупи правата за две продолженија. Во март 2021 година, „Нетфликс“ објави дека платиле неверојатни 450 милиони долари за втората и третото продолжение. Иако куповната цена може да изгледа висока, има смисла бидејќи првиот филм заработи вкупно 311 милиони долари.

Даниел Крег ќе ја повтори својата улога како водечки приватен детектив, Беноа Блан, заедно со актерската екипа вклучувајќи ги Кетрин Хан, Итан Хок, Едвард Нортон, Дејв Батиста, Кејт Хадсон, Џенел Монае, Лесли Одом Јуниор, Џесика Хенвик и Медлин Клајн.

 

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време