Лондон, 26 февруари 2020 (МИА) – Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер бранеше синоќа на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите со Челзи. Германецот го одигра 107. натпревар во елитното натпреварување и се искачи на 4. место по број на настапи во историјата меѓу голманите. Тој го помина Виктор Валдес (поранешен голман на Барселона), кој остана на 106 натпревари.
Рекордер во оваа статистичка категорија е Икер Касиљас (Порто, Реал Мадрид) со 177 настапи.
Во ТОП 3 се уште и: голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон со 123 натпревари и Петр Чех (поранешен член на Челзи) со 111 настапи. зс/