Утрински Весник
Спорт

Ноер: Имаме голема одговорност, ако сезоната продолжи во Германија, целиот свет ќе не следи

Нојер: Не сум навикнат на вакво однесување од Баерн

Минхен, 6 мај 2020 (МИА) – Голманот на Баерн, Мануел Ноер го сподели своето мислење за продолжување на сезоната 2019/20 во Бундеслигата.

– Одлуката за продолжување на сезоната ќе има последици во секој случај. Ова ќе влијае и на аматерски и младински тимови, како и на другите спортови покрај фудбалот. Сите европски земји, целиот свет ќе гледаат пример во нас. За нас, ова е неверојатна одговорност, мора да го запомниме ова. Мора да разбереме дека нешто што се случува сега е многу важно. Фудбалерите се дел од општеството во улога на модели. Се разбира, ние само сакаме да играме фудбал, но сега тоа не е доволно, изјави Ноер.

Сезоната во Бундеслигата беше прекината поради пандемијата на коронавирус. Претходно беше објавено дека сезоната може да продолжи на 15 мај. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство