Утрински Весник
Македонија

Нов 21 случај со Ковид-19, вкупно 1.442, двајца починати и 38 излекувани

Некои луѓе не можат да останат дома за време на пандемија

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти и тоа во Скопје-19, Тетово-3, Струга-9, Битола-4 и Гостивар-3.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што се потенцира во соопштението, почина 50-годишен пациент од Скопје, хоспитализиран на 6 април, кој 17 дена бил на механичка вентилација. На Клиниката за онкологија почина 51-годишен пациент од Прилеп, чиј позитивен резултат на Ковид-19 пристигнал вчера.

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на Ковид-19 и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1. Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на Институтот за јавно здравје беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица, информираат од Министерството.

Согласно ова, како што се наведува, последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 493, Куманово – 384, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –147, Тетово – 76, Струга – 66,      Велес – 69, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -7, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 2, Делчево- 1, Валандово -1, Виница – 2.

Направени се 279 теста и тоа преку: ИЈЗ –146, Ветеринарен факултет -20 , Авицена –25, Биотек –29, Клиника „Жан Митрев“ – 39, Систина со PCR метода  -12  и МАНУ – 8.  Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се двајца нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 52. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација се тројца пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ примени се примени осум пациенти, а вкупно хоспитализирани се 35. Со потешка клиничка слика се пет пациенти, а на респиратор се вкупно шест пациенти.

Во Клиничката болница во Битола се лекуваат пет пациенти, а на домашно лекување се следат четворица пациенти. Во Клиничката болница во Штип се хоспитализирани тројца пациенти, а уште шест се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и Прилеп се лекуваат 42 позитивни и суспектни на Ковид-19, се посочува во соопштението од Министерството за здравство.

Од Министерството додаваат дека министерот за здравство Венко Филипче денеска нема да одржи прес-конференција, но Службата за односи со јавност е отворена за сите новинарски прашања и тие ќе бидат одговорени во најкраток можен рок. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите