Утрински Весник
Магазин

Нов тренд во Велика Британија: Печење леб дома

Нов тренд во Велика Британија: Печење леб дома

Лос Анџелес, 5 мај 2020 (/) – При вонредната состојба во Велика Британија, печењето домашно лепче стана доста популарно, па тој „нов тренд“ предизвикува недостаток на брашно и квасец по супермаркетите.

Пекарската компанија Морисон, следејќи го трендот, покрај своите готови производи, почна да пакува и пакети брашно од еден и 16 килограми. Така, само во овие први 10 дена, нивниот синџир пекари продал рекордни 370 тони брашно и 19.000 пакетчиња квасец.

На овој начин, според познавачите, Морисон во право време го препознал новото хоби и потребите на британските семејства и домаќинства. Оствари одлична заработка и ја зацврсти својата репутација како фирма. си/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пет работи што ментално здравите луѓе не ги прават

Мали промени во вашата рутина што ќе ви помогнат да ослабете

Три необични техники кои брзо ќе ве ослободат од стрес