Утрински Весник
Македонија

Нов случај со Ковид-19 во гостиварско

Нов случај со Ковид-19 во гостиварско

Гостивар, 4 јуни 2020 (МИА) – Со последните тестирања за откривање на новоинфицирани со коронавирусот во гостиварскиот регион, потврден е нов случај. Позитивен резултат на Ковид-19 имал жител на селото Неготино Полошко, општина Врапчиште. За денеска околу пладне е закажан вонреден состанок на Кризниот штаб на кој ќе се разгледа актуелната состојба и се очекува да бидат донесени заклучоци со препораги за граѓаните.

Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, до денеска има 12 активни случаи од кои седум во гостиварската општина, пет во Врапчиште и ниту еден во Маврово и Ростуше.

Петмина се лекуваат во болнички услови, а останатите кои се без симптоми се дома. Епидемилозите издале решенија и препорачале самоизолација на дваесетина лица. Тоа се главно лица кои имале контакти со брачниот пар од селото Чегране, каде се регистирирани вкупно пет лица.

Во меѓувреме се прават анкети и тестирања, а спроведена е и дезинфекција на објектот на ЈП Комуналец, според епидемиолошките протоколи.

Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се 404 тестирања, а кај 30 случаи имаше позитивни резултати. Од последици од Ковид-19 во гостиварско починаа три лица. згм/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данела до амбасадорката Агелер: „Не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции“

Изет Меџити заложник на индустријата за игри на среќа, да ја запре еколошката катастрофа на Кожув, бара АА

Почнува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот