Утрински Весник
Свет

Нов рекорд во Хрватска, 4.520 новозаразени и 69 починати

Нов рекорд во Хрватска, 4.520 новозаразени и 69 починати
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во последните 24 часа евидентирани се 4.520 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2 во Хрватска, а починале 69 лица.  Во болница се 2.703 пациенти, од кои 280 се приклучени на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 159.372 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 2.367 починале, вкупно закрепнале 133.255 лица, од кои 2.386 во последните 24 часа.

Во моментов има 57.835 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 837.619 лица, од кои 12.596 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми