Утрински Весник
Спорт

Нов рекордер во Серија А – Маурицио Сари

Нов рекордер во Серија А – Маурицио Сари

Јувентус синоќа на две кола до крајот на сезоната во Серија А ја освои шампионската титула. Тренерот Маурицио Сари се запиша во историјата на италијанскиот фудбал.

Сари со 61 година и шест месеци стана најстариот тренер кој го освоил Скудетото. Интересно ова прва национална титула за поранешниот тренер на Емполи, Наполи и Челси.

Тренерот на Јувентус го урна рекордот на Нилс Лидхолм, кој на возраст од 60 години и седум месеци во 1983 година стана шампион со Рома.

Сари синоќа го освои вториот трофеј во кариерата, минатата сезона тој со Челси ја освои Лига Европа.

Маурицио Сари ја продолжи низата која ја започнаа Антонио Конте (три титули) и Макс Алекгри (пет титули) во Серија А.

> Нов рекордер во Серија А – Маурицио Сари <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам

Спортот станува клучен дел од новата стратегија за дијаспората 2026–2030

Жељко Обрадовиќ си заминува од клупата на Партизан