Атина, 2 јуни 2020 (/) – Пандемијата на Ковид-19, донесе и нов начин за забава на Грците – настани на отворено што се следат од автомобили.
Киносалите се затворени, а од вчера вратите ги отворија само летните кина, додека пак за одржување концерти или пак отворање на ноќните клубови за жива музика е се уште рано, па така неколку атински општини веќе најдоа алтернативни решенија – концерти и проекции на филмови што се следат од возило, јави дописничката на / од Атина.
Првиот концерт ваков концерт ќе се одржи вечерва. Популарната грчка пејачка Натаса Теодориду, ќе настапи на општинскиот стадион во една атинска населба, а според медиумите, за 400 места за автомобили, биле пријавени над 2.100 лица.
Концертот ќе биде бесплатен, пејачката ќе пее без надомест, а посетителите можат да донесат храна и лекови наменети за социјалните структури на општината.
За љубителите на филмот, кино на отворено од автомобил, организираат општина од западниот дел на Атина, но и атинско радио. ср/сд/