Утрински Весник
Спорт

Нов кикс на Милан, Интер вечерва може пак да стане лидер

Нов кикс на Милан, Интер вечерва може пак да стане лидер

Милан втор натпревар во низа во Серија А одигрува само нерешено со нископласиран тим откако Удинезе ги исфрустрира во 1:1 ремито на „Сан Сиро“ и дозволи вечерва градскиот ривал Интер да се искачи на првото место на табелата со победа кај Џенова (со ист број поени, но со подобра гол-разлика).

По 2:2 ремито со последнопласираниот тим на Салернитана минатиот викенд, од „росонерите“ се бараше реакција на мечот со Удинезе и на почетокот изгледаше дека фановите го добија тоа. Сандро Тонали му асистира на Рафаел Леао, кој со одличен потег во шестнаесетникот во 29. минута од мечот го донесе Милан во водство против дефанзивниот противник.

Меѓутоа, откако доминацијата во поседот на топката не донесе зголемување на водството, во 66. минута од мечот младинскиот италијански репрезентативец Дестини Удоџи најдобро се снајде во шестнаесетникот и израмни за гостите.

Резултатот го остава Милан лидер со 57 поени, три пред Интер (кој има два натпревара помалку) и Наполи (со натпревар помалку). Удинезе е на 15. место со 26 поени, четири поени над зоната за испаѓање.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

> Нов кикс на Милан, Интер вечерва може пак да стане лидер <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина