Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Нов и досега непознат коронавирус откриен во Јапонија

Нов и досега непознат коронавирус откриен во Јапонија
Img 7972

Маж кој пристигнал во Јапонија од Филипините во февруари бил заразен со нов вид на коронавирус, соопшти денеска министерството за здравство на Јапонија, наведувајќи дека ова е прв случај од ваков вид.

Досега непознатиот вид на коронавирус се разликува од сојот пронајден во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил, но се верува дека ја претставува истата закана како онаа на досегашните три многу заразни видови на Ковид-19.

Според Министерството за здравство, човекот има над 60 години и пристигнал на аеродромот Нарита во близина на Токио на 25 февруари, а станува збор за асимптоматски случај.

Тој бил позитивен на тестот кога го поминувал карантинот на аеродромот.

Националниот институт за инфективни болести повика на посилна контрола на границите во обид да се запре ширењето на коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Талибанците забранија 679 академски книги и учебници

Неколку арапски држави предлагаат измени на планот на Трамп за завршување на војната во Појасот Газа

Италијанската полиција уапсила Албанец со над 27 килограми кокаин