Утрински Весник
Свет

Нов земјотрес во Јапонија

Нов земјотрес во Јапонија

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска го стресе североистокот на Јапонија.
Според националната метеоролошка агенција, епицентарот на земјотресот се наоѓал источно од префектурата Фукушима на длабочина од 50 километри, пренесува Тасс.

Агенцијата соопшти дека нема извештаи за жртви или оштетувања на зградите во земјотресот, а властите не издале официјално предупредување за цунами. Силен земјотрес се случи на 13 февруари во Тихиот океан северо-источно од Фукушима, при што беа повредени повеќе од 160 лица, а бил почувствуван во најмалку десет префектури на Јапонија.

Метеоролошката агенција на Јапонија предупреди дека земјотресите може да продолжат во текот на целата недела, а досега ги имало повеќе од 20, пренесува Тасс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп