Утрински Весник
Свет

Нов Зеланд помага во обуката на украинските војници

Нов Зеланд испрати 120 војници во Велика Британија за да помогнат во обуката на украинските војници, соопшти денеска владата во Велингтон.

dobivaj vesti na viber

Испратените војници ќе можат да формираат два тима за обука на пешадија за да ја подготват украинската армија за борба, објави Ројтерс.

Обуката на околу 800 украински војници ќе се изведува на една од четирите локации во Британија, а војниците од Нов Зеланд нема да патуваат во Украина, додаде владата на Нов Зеланд.

„Бевме јасни дека нападот врз суверенитетот на една земја и загубата на невини животи не е прифатлив и не може да се толерира. Не само што ќе го осудиме овој напад со зборови, туку ќе обезбедиме и конкретна поддршка“, рече премиерката Џасинда Ардерн.

Таа нагласи дека војската на Нов Зеланд нема да учествува во борбите во Украина.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина