Утрински Весник
Свет
Img 7972

Нов Зеланд ги одложи изборите поради коронавирусот

Нов Зеланд ги одложи изборите поради коронавирусот
300x250 opst2

Нов Зеланд одлучи да го одложи парламентарните избори за едне месец, откако во земјата се појавија нови случаи на коронавирус, објави премиерката Џасинда Арден.

Изборите требаше да се одржат на 19 септември, но сега се одложуваат за 17 октомври.

Оваа земја прогласи победа над корона вирусот пред неколку недели, откако цели три месеци немаше ниту еден нов случај на Ковид 19. Беа симнати сите протоколи и забрани и луѓето слободно се движеа и функционираа. По четирите нови случаи на Ковид-19 во Оукланд, вчера таму се регистрирани во еден ден уште 49 заразени.

Партиите ги стопираа изборните кампањи, а премиерката донесе одлука за одложување на изборите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Светата земја конечно е во мир

Трамп слета во Израел (ВИДЕО)

Масовно пукање во ресторан во САД: Четири мртви, 20 повредени