Утрински Весник
Свет

Нов закон во Унгарија: само брачните двојки можат да посвојуваат деца

Oрбан со декрет им забрани влез на странците во Унгарија

Унгарскиот парламент, во кој владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан има двотретинско мнозинство, усвои закон со кој практично се забранува истополови двојки да посвојуваат деца.

Во законот, предложен од владата на Орбан, се вели дека само брачните двојки можат да посвојуваат деца, а слободните само со посебна дозвола на министерот за семејство, објави „Ројтерс“.

Унгарија не дозволува хомосексуални бракови.

Парламентот исто така го измени уставот, кој сега го дефинира семејството како заедница на татко, кој е маж и мајка, која е жена.

Хомосексуалците досега можеа да посвојуваат деца ако некој од партнерите се пријави да ги посвои децата како самец.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп ги продолжува санкциите кон Русија поради војната во Украина

Снежно невреме во Австрија: Аеродромот во Виена затворен, автобус затрупан од лавина

Почина актерот Ерик Дејн, ѕвездата од „Вовед во анатомија“