Италија, европската земја која прва беше погодена од пандемијата, денес забележа рекорден број на новозаразени, 15.199. Претходно, тој рекорд беше 11.705, а беше забележан минатата недела. Денеска забележани се 127 смртни случаи, што е зголемување во однос на 89-те од ден претходно, но сепак е многу помалку од просекот од 900 починати на ден колку што беше во март и април.
Бројот на заразени во овој бран во Италија е порамномерно распореден по региони, но Ломбардија повторно е најсилно погодена, особено околу најголемиот град Милано. Денеска, Италија има и рекорден број тестирани, дури 177.848.
Франција, пак, денеска по по шести пат во рок од 12 дена забележа повеќе од 25.000 нови инфекции.
Бројот на хоспитализирани трет ден по ред се зголемува за повеќе од 700, што укажува на тоа дека полицискиот час што неодамна беше воведен сè уште не ги покажува очекуваните резултати.
Бројот на хоспитализирани за прв пат од почетокот на јуни е поголем од 13 илјади. Во Франција денеска се забележани 163 починати од коронавирус, со што вкупниот број достигна 34.048.