Утрински Весник
Свет

Нов Вухан: Кина затвора град со 11 милиони жители

Нов Вухан: Кина затвора град со 11 милиони жители

Кина донесе одлука да заклучи град со 11 милиони жители во провинцијата Хубеи со цел да се запре ширењето на инфекцијата со коронавирус, по неколкумесечно стивнување на епидемијата. Граѓаните на Шиџијажуанг, главниот град на провинцијата недалеку од Пекинг, сега не можат да го напуштат градот, патиштата се блокирани, летовите се откажани, а железничките и автобуските станици се затворени, наведува „Си-ен-ен“.

Блокадата следеше по 117 потврдени случаи на коронавирус, вклучувајќи 67 асимптоматски, само во средата. Уште 66 случаи беа потврдени во четвртокот.

Заклучно со 2 јануари годинава, вкупниот број на заразени лица во Хубеи достигна 304 лица, повеќето од нив во Шиџијажуанг.

Властите во градот минатата недела соопштија дека влегуваат во „воен режим“ на борба против коронавирусот. Наскоро, спроведена е акција за тестирање на коронавирусот низ целиот град за сите 11 милиони жители.

Покрај забраната за движење надвор од градот, во градот сега има и забрана за собирање, училиштата се затворени. Одлуката стапи на сила само неколку недели пред кинеската Нова година кога милиони луѓе патуваат да се сретнат со семејствата. Слична ситуација се случи минатата година само два дена пред празникот кога Вухан беше затворен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари

Европа „под вршник“ – во Португалија измерени 46,6 степени