Утрински Весник
Македонија

Нов, втор случај на позитивен на Ковид-19 во општина Маврово и Ростуше

Повторно раст на новозаболени од Ковид-19, Тетово ново жариште

Гостивар, 10 мај 2020 (МИА) – Во гостиварско регистриран е нов случај на инфициран од корона вирус. Новиот случај е откриен во селото Ростуше, а неговите резултати биле потврдени вчера.

Во меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше ги потврдија информациите, со што во изминативе два дена во најмалубројната гостиварска општина, бројката на новозаразени е два.

Од Кризниот штаб за справување со корона вирусот при Општина Маврово и Ростуше, преку соопштение информираа дека првиот пациент по позитивниот наод е префрлен на лекување во инфективно одделение во гостиварската општа болница. Тој бил во стабилна здраствена состојба.

– Уште еднаш, упатуваме апел до сите наши сограѓани, строго да се придржуваат кон препораките дадени од страна на Министерството за здраство, сите ние да носиме заштитни маски и ракавици, да не се собираме во групи, да држиме растојание од два метра, да избегнуваме одење на гости и патување по други градови, наведуваат од Кризниот штаб за општина Маврово и Ростуше.

Според последните информации од меѓуопштинскиот штаб, првиот случај е лице кое живее во долнореканското село Присојница, кај кое симптомите на болеста се појавиле минатата недела. Епдимеиолозите во овој период ги анализираат двата случаја и преземаат мерки за спречување на ширење на инфекцијата во долнореканскиот регион.

Во моментов, во Гостиварско има пет активни случаи, два во општина Гостивар, два во општина Маврово и Ростуше и еден во општина Врапчиште.згм/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово