Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Нов вид на коронавирус откриен во Чешка

Нов вид на коронавирус откриен во Чешка
300x250 opst2

Во Чешка е откриена нова, досега непозната варијанта на коронавирус, објавија чешките медиуми.

Новиот сој е откриен од експерти од специјализираната лабораторија „Елизабет Фармакон“ од Брно, а според нивната проценка, мутациите не изгледаат поопасни од британскиот или јужноафриканскиот вид.

Истовремено медиумите известуваат дека бројот на случаи со коронавирус во светот надмина 127 милиони лица.

Кинеската национална фармацевтска групација „Синофарм“, пак врз основа на резултатите од третата фаза на клинички испитувања добиени од странство, ќе процени дали ќе биде потребна трета доза по приемот на две дози од вакцината, рече директорот на таа компанија.

Регулаторите и компаниите кои развиле вакцини размислуваат дали ќе бидат потребни дополнителни дози поради загриженоста дека новите соеви на коронавирусот можат да ја ослабнат заштитата со вакцините наменети за борба со веќе постоечките соеви, објави Ројтерс.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари