Утрински Весник
Македонија

Нов весник – „Македонско ехо“ – по Скопје, и Македонија добива бесплатен неделник

Нов весник – „Македонско ехо“ – по Скопје, и Македонија добива бесплатен неделник

Денеска, во Македонија почнува да се дели првиот број од бесплатниот неделник „Македонско ехо“. Кога мноштвото познавачи велеа дека печатените медиуми во државата се во страшна криза, излегува од печат сосема нов весник, кој го издава редакцијата што пет години го прави веќе етаблираниот неделник „Скопско ехо“.

„Оправданоста и успешноста на првиот проект го повлече и новиот потег за правење нов весник. Стимул да го направиме ‘Македонско ехо’ е и барањето на нашите читатели, кои ги следеа 175-те броја на ‘Скопско ехо’, кое во Скопје бесплатно е поделено во 4,7 милиони примероци“, стои во соопштението од редакцијата.

Како и во случајот со „Скопско ехо“, кое и натаму продолжува да излегува, така и „Македонското ехо“ ќе биде демократска трибина и полигон за изнесување на проблемите, мислењата, предлозите и ставовите на граѓаните за најактуелните централни и локални теми во Македонија.

„Ова е медиум во кој просторот, пред сѐ, е резервиран за зборување на граѓаните, а не за политичарите. Впрочем, целта е: ‘Ехото на граѓанинот да биде посилно од гласот на политичарите’“, се наведува во соопштението.

Првиот број од неделникот е испечатен во 45.000 примероци и ќе се дели бесплатно во целата држава, и тоа нa плоштади, во поштенски сандачиња, како и на повеќе од 300 локации во разни маркети и трафики.

И осмислувањето и уредувањето на овој весник го почна новинарот Антонио Спасев, кој до пред еден број го раководеше „Скопско ехо“, а во редакцијата се и досегашните главни соработници Бранко Ѓорѓевски и Антон Власов.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС им е смешно дека ги зголемуваме цените на грозјето, тие ни субвенции не исплаќаа

АРМ во акција за гаснење на пожар: Испуштени 45 тони вода на најкритичните жаришта (ФОТО)

Младите на „Галичка свадба“ добија подарок од претседателката Сиљановска Давкова