Утрински Весник
Спорт

Нов „блесок“ на Влаховиќ за победа на Фиорентина

Нов „блесок“ на Влаховиќ за победа на Фиорентина
Dik 300x250 mk

Фиорентина ја прекина низата од два меча без победа, за со 1:0 да го совлада тимот на Каљари, откако гостите утнаа пенал на стартот на мечот.

Жоао Педро имаше совршена шанса за гостите од Сардинија во 37. минута од мечот по досудениот пенал на „Артемио Франки“, но Бартоломеј Драговски го одбрани неговиот шут за Виола, пред Душан Влаховиќ во 72. минута да ја осигура победата и уште повеќе да си ја зголеми својата фудбалска вредност. 20-годишниот Србин за кого се заинтересирани повеќе големи европски клубови веќе има шест гола во сезоната 2020/21, израмнувајќи го бројот на голови од целата мината сезона.

Фиорентина сега е на 12. место со 18 поени, додека Каљари откако ги загуби последните четири меча се наоѓа на 16. место со 14 поени, само два над зоната за испаѓање.

> Нов „блесок“ на Влаховиќ за победа на Фиорентина <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата