Утрински Весник
Македонија

Ново улично осветлување во Радишани

Butel svetlo
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Општина Бутел изврши комплетна реконструкција  на уличното осветлување во населбата Радишани.

Старите и дотраени 125w живини светилки заменети се со нови 70w штедливи натриум  светилки.

Заменети се вкупно 190 светилки на сите улици,  пешачки патеки кои се поврзуваат со локалните улици, како и детски игралишта.

На главната улица Скоевска  заменети 100 позиции од  старите 250w живини со нови 250w штедливи натриум  светилки.

Со ова населбата Радишани доби комплетно ново штедливо улично осветлување, а придобивките од истите е големата заштеда на електрична енергија и позитивното влијание на животната средина.

До сега, Општина Бутел Општина Бутел изврши комплетна реконструкција  на уличното  осветлување во населбите Скопје-Север, Бутел 2 ,и поголем дел од населбата Бутел 1.

Во следниот период интензивно ќе продолжиме  со менување на старите живини светилки во останатите населени места.

Можете да прочитате

Д-р Панов: Бројот на срцеви или мозочни удари е статистички повисок за време на празниците, неопходна е внимателност

Жена измамена за 12100 евра со лажно посредување за купување куќа во Тетово

Мицкоски: Образованието ќе биде еден од врвните приоритети, треба да се зголеми бројот на научни трудови