Утрински Весник
Свет

Ново пукање во САД: Шестгодишно дете ја уби со пиштол својата помала сестра, родителите се уапсени

Шестгодишно дете синоќа во Индијана ја застрелало својата 5-годишна сестра, а родителите се уапсени, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Екипите за итни случаи го пронашле девојчето со прострелна рана во главата во семејната куќа во Манси, 100 километри североисточно од Индијанаполис, пренесува АП.

Таа била префрлена во Ургентниот центар на Меморијалната болница, каде била констатирана смрт, објави локалниот весник „Стар прес“.

Таткото на момчето и девојчето, им кажал на истражителите дека неговиот шестгодишен син зел еден од двата наполнети пиштоли од сефот и ја застрелал својата сестра, соопшти полицијата.

Грејсон (28) и неговата 27-годишна сопруга Кимберли Грејсон беа обвинети за занемарување на дете, што резултирало со смрт и три други поврзани кривични дела, рече заменик-шефот Мелиса Крисвел.

Момчето и кажало на полицијата дека го нашло клучот од сефот во спалната соба на неговите родители и го извадил пиштолот додека неговата мајка спиела.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени