Утрински Весник
Македонија

Ново место за нови спомени – Св. Никола Boutique Hotel

Sv. nikola

Пицерија Скар, еден од најпрепознатливите брендови на Крушево, го подготвува својот нов проект кој ќе го носи името Св. Никола Boutique Hotel {by skar}.

Се работи за нов сместувачки капацитет кој треба да биде отворен до крајот на годината, а ќе содржи осум апартмани секој од нив со посебно име и приказна позади себе.

Апартманите ќе бидат дел од една уникатна зграда која е една од ретките со зачувана фасада симбол на уникатната крушевска архитектура.

Исто така, од самите апартмани има поглед кон неколку делови на градот.

Она што можеби е најинтересно, авторот на овој проект сака да создаде место, како што тие го нарекуваат, за создавање на нови спомени. Така што, бидете трпеливи Скар ви подготвува ново катче за вашите нови спомени од Крушево.

Очекувајте за многу скоро да ви ги презентираме прекрасните пејзажи кои ќе може да ги зграпчите од новите апартмани, како и самите апартмани подготвени само за вас.

Можете да прочитате

Кузмановска: Пациентите прифаќаат бубрег и црн дроб но одбиваат трансплантација на срце

Кузмановска: Најголем предизвик не е медицината, туку одлуката за донирање органи

Клековски: Злоупотреби на боледувања во МВР, одбрана, царина и здравство – Во една здравствена установа 20% од вработените на боледување!