Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Новооткриен цртеж на Винсент ван Гог на изложба

Новооткриен цртеж на Винсент ван Гог на изложба
Img 7972

Откриен е досега невиден цртеж на исцрпен старец, дело на Винсент ван Гог, потврди музејот посветен на уметникот.

Скицата била нацртана на почетокот на кариерата на уметникот во 1882 година, соопшти музејот „Ван Гог“ во четвртокот. Скицата се наоѓа во приватната колекција на едно холандско семејство повеќе од еден век.

Но, во четвртокот за првпат беше изложена во музејот во Амстердам.

Јавноста ќе може да ја види до 2 јануари, пред да биде вратена во приватната колекција.

Малиот цртеж со молив, потпишан Vincent, прикажува постар работник облечен во елек, панталони и чизми, кој седи на дрвен стол со главата во рацете.

 

„Апсолутно е невозможно да се каже колку вреди,“ изјави претставник на музејот „Ван Гог“.

Можете да прочитате

Словенија, Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд бараат „Евровизија“ да го исклучи Израел

Науката потврди: Овошјето ги штити белите дробови од загадениот воздух

Започнува најголемиот натпревар за средношколци во Македонија „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“