Утрински Весник
Македонија

Новозаболените лица во Прилеп се на 73 и 74-годишна возраст и се на Инфективното одделение во градската болница

Новозаболените лица во Прилеп се на 73 и 74-годишна возраст и се на Инфективното одделение во градската болница
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Прилеп, 28 март 2020 (МИА) –  Со денешните нови два случаи на потврдени заболени лица со Ковид-19, во Прилеп вкупно се осум заразени лица. Како што информираат од прилепскио Центар за јавно здравје станува збор за маж и жена на возраст од 73 и 74 години. И двајцата биле во контакт со првите два потврдени случаи на корна вирус. Сместени се на Инфективното одделение во прилепската градска болница „Борка Талески“.

– Во моментов се прават епидемиолошки анкети и се ставаат под здравствен надзор сите нивни контакти. Исто така ќе бидат земени брисеви од сите нивни блиски контакти, изјави директорката на Центарот, Драгица Николоска.

Имено, првите два случаи на заболени во Прилеп се сопружници на над 60-годишна возраст. Вчера евидентираните четири заболен лица се: едно дете на девет годишна возраст, две жени на 35 и маж на 36-годишна возраст.ем/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари