Утрински Весник
Македонија

Нови 97 заразени во Скопје, Чаир со најголем број активни случаи

Бројот на нови случаи со Ковид-19 и натаму висок, да се почитуваат препораките

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Од новите 134 дијагностоцирани на КОВИД-19 од тестирањата во изминатите 24 часа, 97 случаи се во Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, главниот град досега има 1995 позитивни, а активни се 1323.

Меѓу општините на Град Скопје и тие што гравитираат кон главниот град, најголем број активни случаи со вирусот КОВИД-19 има во Чаир – 302. Втора по број на активни е општината Аеродром со 118 случаи, општини во кои има над сто заразени во моментов се и Бутел со 110, Центар со 105 и Гази Баба со 104 случаи.

Општина Сарај има 96, Карпош – 94, Кисела Вода – 64, Ѓорче Петров – 53, Студеничани – 52,
Шуто Оризари – 40, Арачиново – 33  и општина Илинден – 27 активни случаи.

Под десет активни случаи имаат општина Петровец (девет),  Сопиште (осум), Чучер Сандево (седум) и Зелениково (еден). Во билтенот на Министерството за здравство се евидентирани и двајца странци како активни случаи на коронавирусот.

Министерството наведе дека овие податоци се однесуваат заклучно со вчера и дека по завршување на епидемиолошките анкети може да има измена на бројките по општини во Скопје. хс/са/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег